ЈАВЕН ПОВИК за рецензенти на учебници за 1 година  

Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се со цел потикнување  на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предмети наведени во повикот

Ликовна уметност  I година, средно стручно четиригодишно образованиеПРЕТСЕДАТЕЛ
Биологија (Здравствена струка, Земјоделска-ветеринарна струка, Лични услуги, Хемиско-технолошка струка, Шумарско-дрвопреработувачка струка) за I година средно стручно четиригодишно образованиеЧЛЕНОВИ
Современи технологии на економските сектори  СЕКТО/СТРУКА: ЕЛЕКТРОТЕХНИКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА заеднички предмети за квалификаците/образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации електротехничар-енергетичар, електротехничар за компјутерска техника и автоматикаПРЕТСЕДАТЕЛ
Техничко цртање СЕКТОР/СТРУКА ТЕКСТИЛ,КОЖА И СЛИЧНИ ПРОИЗВОДИ/ТЕКСТИЛНО КОЖАРСКА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: техничар за изработка на облека, техничар за моделирање на облека,техничар за дизајн на облека, техничар за обувки, техничар за моделирање на обувкиПРЕТСЕДАТЕЛ
Анатомија и физиологија 1 ГОД
ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ЗДРАВСТВЕНА Заеднички предмети за квалификациите/образовните профили: медицинска сестра, гинеколошко-акушерска сестра, забен техничар, дентален асистент, фармацевтски техничар, медицински лабораториско-санитарен техничар, физиотерапевтски техничар
ПРЕТСЕДАТЕЛ

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

За претседател:
– да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

За член:
– да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.
Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:
-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),
– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.
-потврда за работно искуство издадена од ПИОМ
– потврда од установата во која е вработен.


Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје


Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на  Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр.54,Скопје.
Краен рок за доставување на пријавите е  13.02.2026 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

                                                 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Search

Popular Posts

Tags