
Мисија
Улогата на Педагошката служба е во насока на навремено обезбедување на квалитетни учебници како основно наставно средство како и советување на родителите и учениците во училиштата. Активностите на Педагошката служба како орган во состав на Министерството за образование и наука се во насока на воведување нови, повисоки и европски стандарди во изготвувањето на учебницитеи унапредување на учебникарската дејност во Република Северна Македонија. Следејќи го карактерот на современото дигитално општество, службата активно работи и во насока на прилагодување на учебниците за учениците со попречености, но и обезбедување на електронски и дигитални учебници. Во делот на советување, примената на најдобрите европски практики во детската и образовната психологија и развивање на најсовремени програми и алатки за решавање на актуелни проблеми во воспитно-образовните установи се основна дејност на делување на органот.
Воспитно-образовниот систем е составен од две компоненти кои се подеднакво важни. Па затоа освен образовната потребно е да се делува и во насока на подобрување на квалитетот на воспитната компонента, преку поттикнување и поддршка на мерки и проекти поврзани со развивање на квалитетна воспитно-образовна психологија во воспитно образовните установи.
Од утврдената мисијата произлегуваат и основните приоритетни цели на Педагошката служба и тоа:
– Навремено обезбедување и дистрибуција на квалитетни учебници;
– Создавање на квалитетна база на рацезенти;
– Активна работа на отстранување на грешките и унапредување на содржината
на учебникот;
– Адаптирани учебници за ученици со попречености;
– Изработка на електронски и дигитални учебници;
– Создавање на мрежа од стручни лица за советување на родители и ученици;
– Активна соработка со сите релевантни институции во делот на
образованието.
Визија
Модерна, ефикасна и стручна административна служба во функција на обезбедување на основното наставно средство – учебникот, а во насока на непречено одвивање на образовниот процес како и примена на современи научни и стручни методи за унапредување на личниот, психолошкиот, социјалниот, културниот и воспитно-образовниот развој на децата и учениците во Република Северна Македонија.