Директор

 

 

 

Фото на директорот

м-р Роберт Аџипетров

директор на Педагошката служба

e-mail: robert.adzipetrov@mon.gov.mk

Лични податоци

Роден: 07 октомври 1990

Статус: оженет, татко на две деца

Образование: Магистер по економија

Биографија

Роберт Аџипетров е роден 07.10.1990 година во Штип. Целокупното образование го завршува во Штип со тоа што 2013 година дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип како првенец на генерација, а подоцна и магистрира на истиот факултет и се стекнува со титула Магистер по економија, отсек Финансии и банкарство. Зборува англиски јазик (IELTS Academic C1).

Во 2014 година се вработува во Државен просветен инспекторат, каде што во период од 3 години работи во Одделение за поддршка, а во следниот период во Источен плански регион се до 07.06.2023 година.

Во 2023 година се вработува во Општина Штип на работна позиција раководител на одделение за образование, каде се задржува се до 17.09.2024 година кога од страна на Владата на Република Македонија е именуван како директор на Педагошката служба орган во состав на Министерството за образование и наука, а од 25.03.2025 година и за директор на истиот орган.