ЈАВЕН ПОВИКза рецензенти на учебници за основно образование

Министерство за образование и наука-Педагошка служба објавува јавен повик за рецезенти се

со цел потикнување на што поголем број на лица да се пријават за рецезенти за предметОТ

наведен во повикот

-Јазик и култура на Турците (изборен предмет) за III одделение на деветгодишно основно

образование

Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

За претседател:

– да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет

учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

За член:

– да бидат наставници од средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет

учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

-уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со

нотарски печат (кадидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да

достават нострифицирана диплома од Република СевернаМакедонија),

– изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и

средно образование.

-потврда за работно искуство издадена од ПИОМ

– потврда од установата во која е вработен.

Пријавата може да се превземе од веб страната на Министерство за образование и наука, или

да се подигне во Министерство за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј“

бр. 54, Скопје

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Архивата на

Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј

бр.54,Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 13.02.2026 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Search

Popular Posts

  • KONKURS për tekst shkollor në arsimin e mesëm-gjimnaz

    Në bazë të nenit 12 paragrafit (2) dhe nenit 13 paragrafi (4) të Ligjit për Tekstet Shkollore në Arsimin Fillor dhe të Mesëm (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 3/25 dhe 74/25), Ministria e Arsimit dhe Shkencës – Shërbimi Pedagogjik, shpall KONKURSpër tekst shkollor në arsimin e mesëm-gjimnaz 1. KUSHTE TË PËRGJITHSHMEPorositës: Ministria e…

  • КОНКУРС за учебник во гимназиско образование

     Врз основа на член 12 став (2) и член 13 став (4) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25 и 74/25), Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува КОНКУРСза учебник во гимназиско образование 1. ОПШТИ УСЛОВИ Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка…

  • ИЗВЕСТУВАЊЕ

    за спроведена постапка на дел од Конкурсот бр.26-174/1 од 19.02.2025 година и Решението за изменување на Конкурсот бр.26-174/2 од 03.04.2025 година Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува сите учесници во постапката по Конкурсот бр.26-174/1 од 19.02.2025 година и Решението за изменување на Конкурсот бр.26-174/2 од 03.04.2025 година, а согласно Записникот бр.…

Tags