16. состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика

Образованието и науката годинава го добија најголемиот буџет досега. Со 620 милиони евра, за речиси 100 милиони повеќе од минатата година, се зајакнуваат основните столбови кои го детерминираат квалитетот на воспитно – образовниот процес и ја стимулираат научно истражувачката дејност. За краток период направени се крупни промени, од кои поголемиот дел беа поздравени од јавноста. Постојат и критики и тие ги прифаќаме како добронамерни сугестии и поттик за редефинирање и оптимизирање на одредени решенија.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешниот 16. состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, на кој присуствуваа претставници на ресорните министерства и други владини институции, Делегацијата на Европската унија, Канцеларијата на УНИЦЕФ и повеќе невладини организации. Тема на дискусија беа реализираните активности во овие области во изминатите неколку месеци и поттикнување на нови заеднички иницијативи во следниот период.   

„Обезбедивме повеќе пари на сите ставки, па така и за инфраструктурата. Во моментов градиме 7 нови училишни објекти, 20тина постојни реконструираме. Се градат 4 нови спортски сали и се реконструираат два студентски дома. Вредноста на овие активни инвестиции е 32 милиони евра“, рече Јаневска посочувајќи дека формирани се и два нови регионални центри за стручно образование и обука. Сега се вкупно седум и сите ќе бидат модерно опремени преку програмите и фондовите на ЕУ.

Квалитетот на наставата во основните и средните училишта се подобрува и преку етапна изработка на нови наставни програми и учебници, а учениците од септември ќе имаат учебници по странските јазици, кои цели 6 години недостасуваа.  

Во контекст на поквалитетна настава е владината иницијатива за воведување на едносменско работење во сите училишта. 150 веќе го прифатија овој концепт, а процесот ќе биде забрзан и преку оптимизација на училишната мрежа, која предвидува спојување на ученици од подрачни училишни објекти со учениците од централните училишта. За целосна оптимизација потребна е изградба на околу 300 училници и 70 санитарни јазли, во вкупна вредност од над 8 милиони евра и од особена важност ќе биде поддршката од партнерските меѓународни организации.

Јаневска потсети дека вработените во училиштата во два наврати добија зголемување на платите, во октомври 2024 и во март 2025 година, вкупно за над 12%. Платите пак на универзитетските професори од јануари годинава пораснаа за 14%, а на административниот кадар за 8%.

Министерството објави конкурси за распределба на 5,5 милиони евра на високообразовните и научните установи и МАНУ за подобрување на научно – истражувачката инфраструктура и реализација на иновативни проекти.

Министерката рече дека интензивно се работи на јакнење на законската регулатива и дека досега во време на нејзиниот мандат усвоени се 5 нови законски решенија, а неколку се изменети во насока на обезбедување повеќе права и можности за засегнатите. Се подготвуваат и нови закони за високо образование и за научно – истражувачка дејност.  

Добрата соработка на МОН и младинските организации, резултираше со унапредување на младинскиот стандард, особено стандардот на студентите. Во изминатите неколку месеци се обезбедени средства за да имаат бесплатен јавен превоз во главниот град, проширен е опсегот на мерката субвенциониран студентски оброк, олеснети се критериумите за користење на одредени стипендии и дигитализирани се постапките за остварување на сите студентски и ученички права во надлежност на министерството.   

„Ветивме интензивни контроли на работењето на високообразовните и научните установи. Резултатот е 13 затворени приватни научни институти и високостручни школи, дел поради неактивност, дел поради недоследна примена и почитување на законската регулатива“, рече Јаневска, додавајќи дека образованието фаќа добар правец и се подигнува драстично опаднатиот квалитет, поради негрижата во минатото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Search

Popular Posts

  • КОНКУРС за учебници во гимназиско образование

    Врз основа на член 12 став (2) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија” број 3/25 и 74/25), Министерството за образование и наука – Педагошка служба, објавува КОНКУРСза учебници во гимназиско образование 1. ОПШТИ УСЛОВИ Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба Предмет на Конкурсот…

  • Јавен повик за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за IX одделение на деветгодишно основно образование  

    Врз основа на член 18 од Законот за учебници во основно и средно образование  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.3/25 и 74/25) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува  ЈАВЕН ПОВИК   за доставување барања за одобрување учебник по странски јазик за IX одделение на деветгодишно основно образование   I.Предмет на јавниот повик:  Доставување барања за одобрување учебник по странски јазик во основно образование, за наставниот предмет:  Барање за одобрување учебник по странски јазик може да поднесе издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапник во Република Северна Македонија, со најмногу еден учебник за горенаведениот наставен предмет.   II. Елементи на јавниот повик:  Законскиот застапник на странскиот издавач до Педагошката служба, задолжително доставува:  Целокупната документација од оваа точка издавачите треба да ја достават и во електронска форма (ЦД или УСБ) стик, кој ќе биде ставен во затвореното плико.  Обврските на законскиот застапник на странскиот издавач се утврдени во член 21 од Законот за учебници во основно и средно образование.  III. Рок за  доставување на барањата  за одобрување учебник по странски јазик: …

  • ПРОЦЕДУРА за начинот на спроведување на постапката за одобрување на учебници по странски јазик

    Врз основа на член 49 став (1) и член 58 од Законот за организација и работа на органите на државната управа(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 110/19 и 121/24), на предлог на директорот на Педагошката служба, министерот за образование и наука…

Categories

Tags